Без шеќер, брашно и масло: Чоколаден колач кој се прави за час, а е лесен и ефтин
![334257_cokoladni-kolac-shutterstock-618928955_ff](https://popara.mk/wp-content/uploads/2022/01/334257_cokoladni-kolac-shutterstock-618928955_ff.jpg)
Оваа чоколадна торта се подготвува брзо, лесно, основата се какаото и бананите, а можете слободно да направите двојна мерка, доколку сакате поголема торта.
Состојки:
2 банани
40 какао во прав
5 g прашок за пециво
за глазура:
80 гр темно чоколадо
30 мл слатка павлака
Подготовка:
Исечете ги бананите на прстени, па ставете ги во блендер, заедно со какаото и прашокот за пециво. Добро изматете додека не се добие течна смеса.
Истурете во мал калап, претходно обложен со хартија за печење. Ставете во рерна 5 минути.
Направете ја глазурата мешајќи темно чоколадо и слатката павлака, па ставете ја во микробранова печка 2 минути да се растопи.
Превртете ја тортата на чинија, извадете ја хартијата и прелијте ја со чоколадната глазура.
Почекајте малку да се излади, исечете и уживајте!