Вежба која носи МИР: Одвојте две минути и секој ден ќе бидете насмеани и полни со енергија!

18 јануари, 20220
206_shutterstock-1033859707_f

Опуштете се и вдишете мирно неколку пати. Дали уживавте во ова чувство на воздух што ги исполнува вашите бели дробови? Голема е веројатноста дека сте се опуштиле.

Начинот на кој дишеме има голема моќ и подеднакво влијае на нашиот ум и тело. Затоа е од клучно значење да се биде свесен за процесот на дишење. Започнете со правење краток тест: внимавајте на стомакот додека дишете. Дали се шири со секој здив или се намалува?

Ако вашиот стомак се залепи за ‘рбетот кога вдишувате, или ако воопшто не се движи, тоа значи дека сте или вознемирени или под стрес.

Затоа е многу важно следната вежба да ја правите наутро. Ова е вежба која се практикува во јогата, но можете да ја практикувате насекаде.

Дишеме главно плитко, а треба и длабоко да дишеме. Ставете ја раката на стомакот и затворете ги очите. Вдишете го воздухот полека низ носот, за да почувствувате колку бавно ви ги исполнува белите дробови и на крајот стомакот. Исто толку лесно издишете низ устата. Доволно е вежбата да ја правите секое утро по неколку минути, но можете да ја повторувате секој ден, секогаш кога имате време и ентузијазам. Практикувањето на оваа лесна вежба го подобрува варењето, ја забрзува циркулацијата и ја стимулира лимфната дренажа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi