ВЕЛАТ ДЕКА КОЈ ЌЕ УСПЕЕ ДА ЈА РЕШИ ЗАГОНЕТКАТА НА АЈНШТАЈН Е ГЕНИЈ: Само 2% од луѓето успеале, ќе успеете ли вие?

23 април, 20220
277107_albertajnstajn_ls

Дали вашиот коефициент на интелигенција е доволно моќен за да најде решение за оваа Ајнштајнова загатка?

Загатката на Ајнштајн е логичен тест за кој само 2% од луѓето тврдат дека може да го решат. Именувана е по познатиот физичар Алберт Ајнштајн и гласи вака:

Пет куќи се обоени во 5 различни бои и во секоја куќа живее човек од друга националност. Тие 5 сопственици пијат одреден пијалок, свират на одреден инструмент и чуваат одредени миленици. Ниту еден сопственик нема ист миленик, инструмент или пијалок. Ваша задача е да одговорите на прашањето: Кој има риба за домашно милениче? Има само едно решение. Секако, попатно треба да откриете кој живее во која куќа, која националност е, која пијачка ја пие и на кој инструмент свири…

Со среќа!

Информациите што ви се потребни за да ја решите задачата:

  1. Британецот живее во црвена куќа
  2. Швеѓанецот чува кучиња
  3. Данецот пие чај
  4. Зелената куќа е лево од белата куќа
  5. Сопственикот на зелената куќа пие кафе
  6. Човекот кој свири виолина одгледува птици
  7. Сопственикот на жолтата куќа свири на клавир
  8. Сопственикот на средната куќа пие млеко
  9. Во првата куќа живее Норвежанецот
  10. Човекот кој свири на труба живее покрај тој што има мачиња
  11. Човек кој чува коњи живее покрај човекот кој свири клавир
  12. Сопственикот кој свири на хармоника пие пиво
  13. Германецот свири на гитара
  14. Норвежанецот живее до сина куќа
  15. Човекот кој свири на труба има сосед кој пие вода

Знаеме, сега ви треба малку време… Не брзајте.

Значи, прашањето е: Кој има риби?

Ова е решението на загатката на Ајнштајн:

Германецот има риби. Германецот живее во зелена куќа, свири гитара и пие кафе.

Ако тоа е решението до кое дојдовте, честитки, вие припаѓате на надарената група генијалци!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma