ВИ СЕ ИСТУРИ КАФЕ НА ВАШЕТО ОМИЛЕНО ПАРЧЕ ОБЛЕКА? Еве како да ја отстраните дамката!

12 мај, 20220
Screenshot_6

Секому барем еднаш во животот му се случило да истури кафе на омиленото парче облека или чаршав и да помисли дека нема спас. Штом се истури, кафето остава јасно видливи дамки, кои можеби мислите дека никогаш нема да се исперат.

 

 

За овој трик потребни ви се: хартиена крпа, подлабок сад, 100 мл алкохолен оцет, топла вода, 1 лажичка детергент за садови, стара четка за заби.

 

Постапка:

 

Лесно натапкајте ја дамката со хартиена крпа за да апсорбира што повеќе течност од ткаенината. Истурете топла вода во садот, а потоа натопете го парчето облека или ткаенина што е валкано, па потоа истурете оцет и детергент. Сè добро измешајте и оставете да отстои 30 минути.

 

По некое време истријте ја дамката со четка, но не тријте премногу за да не го оштетите материјалот, па алиштата исперете ги во машината по вообичаената постапка. Ако дамката се уште е видлива, повторете ја постапката додека ткаенината е влажна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma