ВИ СЕ ПОЈАВИ БИГОР НА ЧАШИТЕ? Ослободете се од белите дамки со помош на ОВИЕ ТРИКОВИ!

22 април, 20220
Screenshot_1

Бигорот е честа појава кај стаклените садови. Малите бели дамки од бигор прават чашите да изгледаат старо и валкано, а кога ќе ги извадите пред гостите, сигурно ќе мора да се оправдате

 

 

За да се спречи појавата на бигор, се препорачува чашите добро да се избришат по миењето, за да се отстранат преостанатите капки од нив. Немојте да бидете мрзливи и само да ги оставите стаклените чаши на цедалката.

 

Ако, пак, не можете да ја избегнете појавата на бигор, обидете се со еден од следниве начини да ги отстраните дамките.

 

  1. Со оцет

 

Ви треба:

 

  • 6 лажици оцет
  • 6 лажици вода
  • 2 лажици сол

 

Постапка:

 

Истурете ги сите состојки во еден сад и мешајте додека не се растопи солта. Натопете чист сунѓер во растворот и тријте со часови однадвор и одвнатре. Кога ќе ја измиете чашата, исплакнете ја со топла вода и оставете ја да се исуши на сува крпа.

 

  1. Паста за заби

Ставете малку бела паста за заби на местата каде што има бигор и истријте ја со мека, чиста крпа.

 

  1. Водена пареа

Во поголемо тенџере сипете ја водата и ставете ја на рингла додека не зоврие. Кога тоа ќе се случи тоа, извадете го тенџедрето од ринглата и држете ја чашата над него додека не се замагли. Потоа избришете со крпа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma