Ви се собрал џемперот при перење? Постои трик за да го вратите во првобитната состојба

17 јануари, 20220
Screenshot_4

Ви се собра џемперот? Не паничете, ваквата работа е вообичаена. Независно од тоа дали причината е тоа што сте одбрале погрешна програма, или пак можеби самата машина решила да ја „забибери чорбата“, постои решение за ваквиот проблем.

 

Нема потреба да го фрлате џеперот кој се собрал, бидејќи постои трик со кој вашата облека ќе може да ја вратите во првобитната состојба. Потребни ви се само две состојки: млака вода и бебешки шампон.

 

Наполнете го лабавото со млака вода и шампон за бебиња. Доколку се работи за волнен џемпер ќе ви биде потребна поголема количина шампон, или пак детергент за перење волнени алишта. Потопете го џемперот и оставете го во водата десетина минути. Нежно исцедете го џемперот и потоа, не перете го со чиста вода.

 

Ставете пешкир на рамна површина и „легнете“ го џемперот преку него. Замотајте го во пешкирот, бидејќи токму тој ќе го собере вишокот вода. Потоа, џемперот ставете го на сув пешкир и нека стои додека не се исуши.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma