ГРЕЕЊЕТО ЛОШО ВЛИЈАE НА СОБНИТЕ РАСТЕНИЈА! Еве како да останат ЗДРАВИ до ПРОЛЕТТА!

21 ноември, 20220
579505_pexels-huy-phan-2826787_f

Ви носиме совети како да ги заштитите растенијата во затворен простор од топлината што ја произведуваат радијаторите и генерално како да ги негувате во зима…

Поради централното греење или електричните греалки, воздухот во домовите станува екстремно сув во постудениот период. Поради ова, често се случува собните растенија да венеат. Причината е недостатокот на сонце. Затоа, ви носиме совети како да ги заштитите вашите растенија, за да останат здрави до пролет.

Собните и саксијски билки во затворен простор не треба да се чуваат на премногу ладно, а ни на премногу топло место. Идеалната собна температура треба да биде помеѓу 15 и 20 степени.

Ако на вашите домашни растенија сте им обезбедиле ваква температура, време е да престанете да ги храните повеќето растенија. Ова не важи за собни растенија кои допрва треба да цветаат, како што е цикламата на пример.

Погрижете се редовно да ги отстранувате сувите лисја и исушените ластарки од растенијата, за да може растението непречено да расте и да се развива.

Исто така, треба да избегнувате да чувате цвеќиња на места со провев. Ова исто така важи и кога ги проветрувате просториите. Цвеќињата бараат светлина, затоа чувајте ги саксиите во близина на прозорец, но не премногу блиску до радијаторот.

Не ги полевајте често

Повеќето собни растенија не треба често да се наводнуваат во зима. Дури и кога се наводнува секојдневно, треба да се стави вода само  колку за да не се исуши почвата целосно. Имајте на ум, растенијата во затворен простор подобро толерираат сува почва отколку заситување со вода.

Од друга страна, собните растенија кои цветаат во зима треба да се полеваат на секои два до три дена. Исто така, добро би било да ја избришете прашината од листовите со влажна крпа.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber