Дали круговите се движат или мируваат: Оптичката илузија открива дали сте под стрес

16 март, 20220
opticka-iluzija-830x0

Се што треба да направите е да ги гледате овие кругови 20 секунди и да обрнете внимание на тоа дали се вртат

Оптичките илузии имаат потенцијал да не збунат, дури и до тој степен што понекогаш не можеме да им веруваме на нашите очи.

Кога станува збор за оваа илузија, очите гледаат нешто сосема погрешно бидејќи илустрацијата не се движи. Боите и формите се исцртани и обоени така што повеќето луѓе откриваат дека круговите се движат.

Авторите на оваа илузија тврдат дека мирните луѓе гледаат статични кругови, додека оние кои се уморни и под стрес гледаат кругови кои се движат.

Обидете се да се сконцентрирате и да гледате само еден дел од сликата и ќе сфатите дека таа не се движи како целина. Ќе запре прво делот што го гледате, а потоа и целата слика.

Ако круговите останале неподвижни, ова е добар знак бидејќи покажува дека не сте под преголем стрес. Ако круговите се вртат, но не премногу брзо, би ви одговарал пократок одмор, а ако круговите се движат со голема брзина, авторите тврдат дека ви треба подолг одмор.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi