Дали очилата секогаш ви се ЗАМАГЛУВААТ кога носите маска? Постојат пет начини да го спречите тоа

14 јануари, 20220
naocare-1-2048x1365

Можеби ќе треба да комбинирате неколку начини за да го спречите замаглувањето

Денеска речиси и не излегуваме на улица без маска, а кога времето е студено таа може дополнително да им пречи на луѓето кои носат наочари.

Нивното замаглување е неизбежно во текот на зимата, но постојат начини на кои можете да го ублажите.

Замаглувањето на очилата при носење на маската се должи на дишењето. Маската го насочува топлиот воздух нагоре и тој поминува преку студените леќи и кондензира. Проблемот е што очилата константно се замаглуваат.

Сепак, постојат начини на кои можете да го спречите или намалите замаглувањето. Зависи од различни услови кој трик ќе биде најдобар за вас, но понекогаш треба да комбинирате неколку различни опции.

  1. Насочете го здивот надолу

Може да се обидете да го насочите здивот надолу. Ова ќе ја намали количината на воздух насочен кон очилата. Не е лесно и не е совршен начин, но можете да го комбинирате со други начини.

  1. Сапун и вода

Измијте ги очилата веднаш пред да ја ставите маската на лицето. Користете сапун и вода и отстранете ги капките од стаклата. Обидете се да ги оставите да се исушат на воздух, а не да ги бришете. Целта е да се задржи тенок, невидлив слој сапун на стаклата.

Ова ќе спречи акумулација на влага на нив. Уште еден производ кој ќе постигне сличен ефект е пената за бричење.

  1. Свиткајте го горниот дел од маската

Уште еден трик кој доаѓа од азиските земји каде често се носи маска. Кога носите маска, само свиткајте го нејзиниот врв надолу. На тој начин ќе има малку повеќе простор помеѓу горниот дел од маската и очилата и воздухот ќе има повеќе простор за да се рашири.

  1. Користете марамче

Овој совет доаѓа од Јапонците кои се искусни во носење маски. Земете едно марамче и свиткајте го. Свитканото марамче ставете го врз маската така што да стои на неа како штипка. На овој начин се постигнуваат две добри работи.

Најпрво марамчето е направено од материјал кој ја впива влагата и на тој начин очилата помалку ќе ви се замаглуваат. Второ, материјалот е мек и маската ќе биде поудобна за носење.

  1. Средства против замаглување

Можете да купите средства против замаглување на стаклата. Нивниот ефект сигурно ќе трае подолго од сапун или пена за бричење. Проблемот е што е поскапа варијанта, а некои производи можат да предизвикаат и иритација на очите, па затоа треба да внимавате.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *