Денеска е ПЕТОК 13-ТИ: Дали е навистина БАКСУЗЕН и каква врска има со вештерките и сообраќајните несреќи?

13 мај, 20220
Petak-13

Гласините што го придружуваат овој ден траат со векови

Можеби патите од параскаведекатриафобија без воопшто да знаете?

Ова тешко изговорливо име го означува стравот од петок 13-ти.

А денес е еден од оние „најнесреќните“ денови, барем така мислат оние кои цврсто веруваат во славата што го опкружува овој датум.

Секако, на вас останува да одлучите дали верувате во различните пророштва, клетви и „докажани“ малери поврзани со петок 13-ти или пак ги сметате за обични суеверија.

Кога ќе ги погледнеме корените на верувањето во несреќата што ја носи овој датум, ќе мора да се вратиме во средниот век. Имено, во норвешката митологија постоела Фрига, божицата на плодноста и љубовта, која била прогласена за вештерка откако паганските племиња го прифатиле христијанството.

Легендата вели дека Фрига секој петок се среќавала со 11 вештерки и ѓаволот, па заедно ги смислувале злата што ќе ги прават следната недела.

Исто така, бројот 13 би бил лоша среќа за Викинзите, поради вечерата на која се собрале 12 богови во Валхала. Локи, 13-тиот бог, кој не бил поканет на вечерата, поради тоа се налутил, непоканет дошол на вечерата и го довел светот во темнина.

Затоа, за Викинзите, 13-тиот бог е олицетворение на злото.

И познатата последна вечера беше обележана со бројот 13 – Христос седеше на масата со 12 апостоли, меѓу кои беше и Јуда кој подоцна го предаде…

Иако, веројатно најголемиот виновник за приказната за несреќниот петок 13-ти е истоимениот хорор филм, снимен во 1980 година.

Во златното доба на крвавите ужаси, серијалот за Џејсон Ворчиз брзо стана популарен и доби култен статус.

Дури и да не верувате во баксузноста на овој датум, секогаш ќе внимавате на петок 13, дури и ако се исмевате со него.

А дека нешто добро може да излезе од суеверие покажува и статистиката на Британската автомобилска асоцијација, која покажува дека најмалку сообраќајни несреќи се случуваат токму кога петок се паѓа на 13-ти во месецот, бидејќи тогаш луѓето возат повнимателно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *