ЕДНА ЕДИНСТВЕНА ОСОБИНА ЈА ОТКРИВА НАТПРОСЕЧНАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА: Дали ја имате?!

4 март, 20220
218729_shutterstock-143207980_ls

Има многу фактори кои откриваат личност со натпросечен интелект, но една особина се издвојува и е непогрешлив показател за остар ум.

Иако нема сигурни индикации дека поединецот ќе успее или ќе се збогати во животот, високата интелигенција секако е предност за полесен и поедноставен живот. Иако луѓето генерално сакаат да мислат дека се попаметни отколку што навистина се, постои недвосмислен показател за натпросечни способности.

Имено, големо истражување на Универзитетот во Њу Мексико покажало дека натпросечно интелигентните луѓе имаат повеќе заеднички особини, но една од нив значително се издвоила во споредба со останатите.

Се работи за смислата за хумор, односно острината, која ја докажува брзината на размислување, обработка на мислите и ставање на работите во контекст на креативен начин. Така, хуморот е значаен показател за мозочните способности, без разлика дали се работи за оној „црниот“, кој оди на своја или туѓа сметка.

Таа брзина на размислување е клучна, истакнуваат научниците.

Генетските фактори значително ја одредуваат интелигенцијата на детето, особено генот FNBP1L кој носи родителски кодови, покажа студија на Универзитетот во Квинсленд. Во него, научниците анализирале примероци на ДНК од над 18.000 деца од Австралија, Холандија, Обединетото Кралство и САД на возраст меѓу 6 и 18 години, а потоа ги споредиле примероците со резултатите од нивните IQ тестови. Тие откриле дека индивидуалните варијации во генетскиот код на децата влијаат на резултатите од нивните тестови, така што нашите гени одредуваат околу 40 проценти од вкупната интелигенција.

– Ова сознание ни доаѓа како резултат на најголемата студија на тема детска интелигенција и е дополнителен доказ дека гените се важни, па дури и поважни од образованието за обликување на детската интелигенција – изјави раководителот на студијата, професорот Бебен Бенџамин. Научниците веруваат дека ова откритие може да има големо влијание за подобро разбирање на менталните потешкотии кај децата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma