Едноставна смеса со сода бикарбона за тврдоглави дамки: Наместо вода, додадете го овој производ од кујната

24 ноември, 20220
a373dd1801150432a1d8b482aaed2fd46d0ef6a0

Сода бикарбоната прави чуда за чистењето во домаќинството, а не е чудно до неа да се вадат и тешките дамки од облеката

Сода бикарбоната е базна супстанција (спротивна од киселата), па најдобро делува кога се бори со кисели дамки како кафе, вино, овошни сокови, доматен сос…

За најдобри резултати, решете се со тврдоглавите дамки што е можно поскоро. Ако немате моментален пристап до сода бикарбона, тогаш избришете ја дамката и исплакнете ја со ладна вода, одржувајќи ја влажна додека не дојдете до сода бикарбона.

Сода бикарбоната е најефикасна како отстранувач на дамки кога се меша со вода и се користи како паста. Пастата помага да се извлече дамката од ткаенината и во суштина ги „заробува“ пигментот и мирисот во сода бикарбоната. Како што пастата се суши, таа извлекува се повеќе дамки од ткаенината. За да направите паста, едноставно измешајте 1 лажица вода со 2 лажици сода бикарбона.

Ако сте премногу зафатени за да ја подготвите пастата и да се справите со дамката кога ќе се случи, не грижете се. Можете да посипете сува сода бикарбона на извалканото место и потоа да се вратите на растворот подоцна.

За тврдоглави и помрсни дамки, можете да користите бел оцет наместо вода за да направите паста од сода бикарбона. Сепак, не заборавајте да ја пробате смесата прво на незабележлив дел од облеката во случај материјалот да е чувствителен, пишува „The Spruce“.

Дополнителен совет

Пред да користите сода бикарбона, задолжително проверете ја постојаноста на бојата. Сода бикарбоната не е средство за белење, но има потенцијал да го извлече пигментот од непостојани ткаенини на ист начин како што ги апсорбира дамките.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber