„Ефтина и површна“: Приказната за ЛАЖНАТА наследничка и измамничка од социјалните мрежи ги разочара гледачите

popara19 февруари, 20221min00
ana-delvej

Новата серија на Шонда Рајмс, продуцентката која стои зад хит сериите „Бриџертон“ и „Вовед во анатомија“, се појави на Нетфликс минатата недела, а и покрај ветувањето кое ветуваше многу, според критичарите на социјалните мрежи и медиумите, серијата не ги оправда очекувањата.

Имено, серијата „Измислувајќи ја Ана“ зборува за измамник од социјалните мрежи, Ана Делвеј, лажна наследничка која подеднакво успешно ја измамила елитата на Менхетен и банките.

Успешна во тоа извесно време, а откако ѝ се сруши кулата од карти, заврши во затвор. Улогата на Ана ја толкува Џулија Гарнер, додека новинарката Вивиен, која го истражува овој случај обидувајќи се да го дознае минатото на Ана, ја толкува Ана Кламски.

Сепак, и покрај интересните теми, оваа серија не наиде на позитивни критики, како од гледачите, така и од критичарите и од медиумите.

– „Измислувајќи ја Ана“ ја претвора сочната вистинска драма за измамник меѓу инфлуенсерите во прилично ограничена серија, делумно затоа што му дава подеднакво значење на новинарот кој ја откри приказната. Шонда Рајмс погоди со „Бриџертон“, но нејзиното последно остварување нема да предизвика толкав ентузијазам – пишуваат странските медиуми.

– Повеќето епизоди траат подолго од еден час, што создава одредена опуштеност во приказната. Истото важи и за структурата која го префрла фокусот од еден настан на друг, скокајќи напред-назад во времето пред судењето, изјавија критичарите за Си-Ен-Ен, додека британски Телеграф беше уште поостар, нарекувајќи ја серијата „евтина и површна како нејзиниот протагонист“.

– Чудесната приказна за Ана Делвеј, лажната наследничка која го измами високото њујоршко општество, е сведена на плитка ТВ драма – се наведува во нивната критика.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma