Морингата е растение кое го викаат чудотворно дрво, дрво на животот, а кај нас го има во форма на прав.
Морингата потекнува од Индија и она што е карактеристично е што секој дел од ова растение е за јадење и може да се користи во алтернативната медицина.
Ова растение е извор на витамини Б2, Б6, Ц и А, како и магнезиум и железо. Има висока содржина на кверцетин, кој го намалува крвниот притисок и хлорогената киселина, која го намалува шеќерот во крвта.
Има антиинфламаторни и антидепресивни својства, па затоа се користи и во лекување на некои автоимуни болести.
Морингата го намалува лошиот холестерол и игра голема улога во слабеењето. Ја храни кожата и косата, ги зајакнува коските, го штити црниот дроб… Индијците тврдат дека ова магично растение делува на над 200 болести!
Лесно ќе го вклучите во исхраната, само треба да додадете малку прав во вашата храна, смути или некој друг пијалок, а исто така можете само да го измешате со вода и наместо чај да го пиете.
Внимавајте и користете го во мали количини бидејќи има лаксативно дејство и може да предизвика стомачни проблеми, задолжително консултирајте се со лекар пред да ја употребите морингата. Бремените и доилките не смеат да ја користат бидејќи може да биде опасна за нив.