Наједноставните рецепти се секогаш најдобри
Куркумата може да ги избели забите до неколку нијанси без да ја уништи глеѓта.
Овој производ е целосно природен, не содржи супстанции кои ја оштетуваат забната глеѓ и непцата. По само една недела редовна употреба на паста за избелување од куркума, можете да забележите одличен резултат!
Она што треба да го направите е следново:
Земете малку куркума во прав (околу 1/4 лажичка). Потопете ја четката за заби во неа и измијте ги забите на вообичаен начин. Но, по четкањето немојте веднаш да ја плакнете устата, туку оставете ја пастата 3-5 минути. За ова кратко време куркумата ќе направи чуда.
После тоа време, темелно ја исплакнуваме устата за да ги отстраниме и најситните зрна куркума што може да останат меѓу забите. Резултатот е видлив уште од првиот пат! Но, доколку не сте задоволни, постапката повторете ја во текот на неделата.
Обидете се да не го извалкате делот околу устата со куркума, бидејќи е малку потешко да се исплакне. Ако, сепак, куркумата стигнала до кожата, можете лесно да ја измиете со обична вода и сапун.
Можете да направите паста од 1/4 лажичка куркума и неколку капки маслиново (или кокосово) масло и да ја користите како во горенаведениот рецепт.
А сепак, куркумата не само што ги избелува забите. Како одличен антисептик и природен антибиотик, лекува рани и мали пукнатини, воспалителни процеси во усната шуплина и помага при крварење на непцата. Навистина магичен прав.