ИСЧИСТЕТЕ ГО АСПИРАТОРОТ БЕЗ НИКАКВИ МАКИ! Една состојка ГИ ЧИСТИ тврдоглавите масти!
Аспираторот се мрси многу побрзо од другите кујнски апарати, а чистењето обично е голема мака. Меѓутоа, ако знаете мали „финти“, отстранувањето на маснотиите од аспираторот ќе биде многу полесно отколку што очекувате
Прво што треба да направите е да ја извадите решетката и да ја ставите во тенџере или лонец од 10 литри. Додадете седум лажици сода бикарбона, прелијте со вода и варете.
Штом содата ќе се раствори, исклучете го шпоретот и оставете ја решетката во тенџерето 20 минути. Ако решетката не ја собира во садот, држете ја потопена од едната, а потоа од другата страна 20 минути.
Извадете ја решетката и ставете ја во када, претходно покриена со стара крпа. Исчистете ја решетката од наслаги со метален сунѓер, ќе ви треба помалку од една минута бидејќи целата маснотија ќе омекне и лесно ќе се отстрани. Сè што треба да направите е да ја исплакнете и да оставите да се суши.