Како да го отстраните НЕПРИЈАТНИОТ мирис од пешкирите? Вратете им ја СВЕЖИНАТА со два бесплатни трикови

31 март, 20220
Peskiri-2

Крпите повторно ќе бидат меки и ќе мирисаат убаво

Лесно апсорбираат непријатни мириси кои не можат да се отстранат со обично перење во машина.

Непријатниот мирис настанува како резултат на влагата и честото користење на истиот пешкир, како и кога пешкирот останува влажен подолго време.

Задржувањето на влагата во крпите води до тоа дека тие повеќе не мирисаат на прашок и омекнувач, а често се чувствува силна смрдеа дури и по миењето, особено ако крпата е направена од ткаенина со послаб квалитет.

Обично тогаш се обидуваме да ставиме повеќе омекнувачи при перењето, а кога ќе сфатиме дека тоа не е решението, ги фрламе крпите и купуваме нови.

Повеќе не мора да трошите пари и да купувате други ново бидејќи постои природно решение за отстранување на непријатните мириси.

  1. Алкохолен оцет

Првата состојка која може да ви помогне е оцетот, и тоа обичен, алкохолен. Ставете ги крпите во машината и наместо прашок или детергент за перење, истурете една шолја оцет. Вклучете ја програмата за вриење и оставете ја машината да го направи своето.

Откако машината за перење ќе ги измие пешкирите, извадете ги и добро протресете ги неколку пати, па повторно вратете ги во барабанот. Потоа истурете ја саканата количина прашок или детергент и наместо омекнувач додадете уште малку алкохолен оцет.

Повторно вклучете го програмот за вриење. Откако ќе се измијат крпите, закачете ги убаво да се исушат, а ефектот ќе биде уште подобар доколку имате машина за сушење.

  1. Сода бикарбона

Омилената состојка на многу луѓе за домашна хигиена – сода бикарбона – исто така може да ви користи ако вашите крпи го задржуваат постојаниот мирис на влага. Се што треба да направите е да ставите половина шолја сода бикарбона во фиоката каде што го истурате прашокот или детергентот, за која е познато дека ги отстранува сите нечистотии и маснотии. Потоа вклучете ја програмата за вриење и кога ќе заврши, извадете ги крпите, протресете ги и вратете ги во машината.

Потоа додадете прашок или детергент и повторно измијте ги на програмата за вриење.

Кој метод е подобар?

Двете методи се покажале како ефикасни, а доколку непријатниот мирис е многу упорен и силен, прво изведете го трикот со оцетот, па потоа и со сода бикарбона. Најважно е да ја избегнувате употребата на омекнувач бидејќи ќе ги лишат пешкирите од нивната црвстина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma