Кога ќе кажете пролет, сигурно ќе помислиме на сите убави бои кои ја красат оваа сезона, а модните експерти донесоа одлука – светлите бои ќе бидат најпопуларни оваа сезона.
Оваа пролет важи слоганот „колку пошарено толку подобро“. Сепак, нагласуваат модните експерти, поентата не е да се носи облека во сите бои, туку да се избере добитната комбинација, како на пример, комбинацијата на жолта и зелена.
Затоа, ви претставуваме неколку интересни модни комбинации кои можат да послужат како инспирација:
1. Комбинација за секој ден
Жолти панталони, со впечатлив принт, одлично одат со маичка во неутрална боја и зелен капут. Она што и дава посебна нота на оваа комбинација се штиклите со животински принт кои одлично се совпаѓаат со целокупниот стајлинг.
2. Деловен стајлинг
Иако правилото е дека деловните стилови вклучуваат неутрални бои, модните дизајнери решија да направат исклучок оваа сезона. Бидејќи палтото е светло жолто, мора да бидете внимателни и да направите совршен баланс, а тоа ќе го постигнете со чанта во неутрална боја.
3. Црвените модни детали се секогаш пожелни
Зелената и жолтата се многу соодветни за комбинирање, а една од најпопуларните комбинации со нив е онаа со црвена боја. За да го подигнете вашиот стајлинг на повисоко ниво, потребни ви се само очила и чанта во црвена боја.