МИСТЕРИЈАТА Е РЕШЕНА! Еве зошто женската кошула се закопчува од лево, а машката од десно!

10 февруари, 20220
379814_x1_f

Сигурно сте забележале дека копчињата на женските кошули се лево, а на машките на десната страна. Сепак, дали знаете зошто е тоа така?

Првата теорија вели дека кошулите биле правени на тој начин кога мажите оделе во војна. Им било полесно да го извадат оружјето од десната страна и да ги откопчаат кошулите на десната страна, користејќи ја левата рака.

Друга теорија вели дека причина за оваа појава е начинот на облекување на жените од средната и високата класа во Европа. За време на историските периоди, како што се ренесансата и викторијанската ера, женската облека била многу посложена од машката облека. Се состоела од неколку парчиња, како што се панталони, корсети и разни додатоци кои оделе со фустаните. Додека богатите мажи се облекувале сами, на женскиот дел од семејството му била потребна помош. За да им олеснат на слугинките при облекувањето на газдариците, кројачите почнале да ги шијат копчињата од спротивната страна.

За време на масовната индустријализација на гардеробата, копчињата останале на левата страна и станаа стандард.

Иако ниту една од овие теории не е потврдена, а има и многу други, како онаа која вели дека жените ги дојат децата на левата рака, па полесно ги откопчуваат кошулите, овој стандард не е променет и денес.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma