МЛАДА МЕСЕЧИНА ВО ВОДОЛИЈА: Февруари е месец на промени и поглед на големата слика

28 јануари, 20220
Screenshot_14

Храбри и одлучни, ќе расчистите со минатото и ќе гледате кон иднината

 

 

Таа се нарекува и црна Месечина, а според астролозите претставува одличен период за планирање на иднината и јакнење на самодовербата.

 

Ова е одличен момент да замислите желба, да ги искористите позитивните вибрации и да преземете нешто ново. Со оглед на тоа дека се случува во иновативната Водолија, време е да ги отстраниме блокадите, илузиите и препреките. Наместо тоа, да се подготвиме за успех.

 

Една од работите кои можеме да ги направиме за себе е излегувањето од пријатната зона и создавање на нови правила за себе. Енергијата на Водолијата прави да бидеме бунтовни, но и да ја препознаеме својата автентичност и да се посветиме на подобрување на семејните односи.

 

За време на овој транзит, Сонцето и Месечината ги здружуваат своите сили со Сатурн, што дополнително ни носи храброст. Оваа лунарна врска носи одлучност, поттикнувајќи нè да се ослободиме од очекувањата и да бидеме прогресивни.

 

Датумот на младата Месечина е усогласен со датумот на лунарната Кинеска нова година која почнува на 1 февруари и ја најавува годината на тигарот во кинескиот хороскоп. Во 2022, енергијата на тигарот ќе донесе големи промени, повеќе забава, но и нови авантури. Ова е и идеално време за одвојување на новото од старото и градење темели за нешто ново. Младата Месечина ни носи потенцијал за големи промени кои позитивно ќе се одразат на нашиот живот.

 

Исто така, време е да ги истражиме недостатоците во нашите лични догми и да ги промениме навиките кои не ни служат ништо. Оваа млада Месечина е неверојатна можност да се ослободиме од негативните обрасци и да почнеме од почеток. Енергијата на Водолијата ќе нè поттикне да изградиме нов свет, но најважно практично да поработиме на подобра иднина за себеси.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi