Живее како осамен волк, далеку од цивилизацијата
Голема популарност стекна во серијалот филмови за Хари Потер во кои го играше ликот на Рубеус Хагрид, а потоа го зафати тешка болест, па речиси и не се појавува во јавноста.
Додека ѕвездите на Хари Потер се фалат со милионите што им ги донесе серијата филмови и многумина направија многу успешни кариери, актерот Роби Колтрејн (71) се повлече од очите на јавноста и се пресели на ридовите во близина на Глазгов. Живее во изнајмена и реновирана штала за која плаќа 1.000 фунти месечно, пишува „Радар’.
Популарниот Хагрид со години се бори со остеоартритис, поради што не може да оди, а болката што ја чувствува секојдневно понекогаш е неподнослива.
– Роби со години има постојани болки, а коленото му се влошува. Го носеа на настани со инвалидска количка, што беше голем шок за фановите кои се навикнати да го гледаат како силниот и висок Хагрид. Сето тоа многу го фрустрира, но се надева дека ќе застане на нозе по операцијата – истакнува извор близок до Колтрејн.
Неговиот најблизок сосед и сопственик на шталата, Ендрју Едмонстон (50) изјави дека не го видел актерот четири години.
– „Повлечен“ е дефинитивно зборот што би го употребил за да го опишам Роби. Тој ни е сосед и всушност неговата штала е најблиску од нашите 11 фарми, но тој со години нема „к“ од комшија. Пред многу години го гледавме на приватни вечери, но тоа сега престана“, изјави Едмонстон.
– Тој едноставно не сака повеќе да биде дел од заедница. Целосно се оддалечи. Тоа е многу тажно. За жал, не е најсреќниот човек. Секој пат кога сме домаќини на хуманитарна акција го покануваме. Неговото име е секогаш на списокот, но одговорот што секогаш го добиваме е „не“ – објасни Едмонстон.
Вака изгледа денес: