Нема повеќе дамки и флеки: Трик со помош на кој стаклото од рерната ќе ЗАБЛЕСКА

21 ноември, 20220
Close,Up,Of,Female,Hand,With,Yellow,Protective,Gloves,Cleaning

Чистењето на рерната е нешто што не може да се избегне и често е многу напорна работа.

Шпоретот го користиме секој ден, а дури и да не ја вклучиме рерната и користиме само рингли, при подготовка на храната стаклото на рерната се валка.

Не е доволно само да го избришете со влажна крпа бидејќи на него ќе останат дамки, а бидејќи е стакло тие дефинитивно ќе се гледаат.

Затоа е добро да го искористите трикот на искусните домаќинки и да направите паста од сода бикарбона и вода, па да ја нанесете на внатрешната и надворешната страна на стаклото од рерната и да ја оставите да отстои малку.

Добро исчистете го стаклото од рерната со сунѓер користејќи ја пастата, а потоа избришете го со чиста крпа.

Дамките и маснотиите треба да се отстранат со оваа смеса, а за конечен сјај користете крпа за да го впиете вишокот вода.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi