Која е тајната на здравата коса Меган Маркл?
Ова „прашање“, всушност, стихот од песната In corpore sano на овогодинешната евровизиска претставничка на Србија, Ана Ѓуриќ Констракте, е на усните на многумина додека го пеат хитот кој ги преплави европските и Јутјуб трендовите.
Констракта изјавила дека намерно избрала да ја спомене Меган наместо Кејт („косата ѝ изгледа подобро“), но не е само косата за која Меган несебично се грижи. Напротив, таа посветува големо внимание, како и повеќето познати и непознати жени, на негата на својата кожа, а за тоа особено се интересира откако стана војвотка.
Сепак, тајната на нејзината рутина за убавина е најмногу во природната нега.
Кога станува збор за нејзината кожа, таа секогаш блеска „од внатре“. Козметичарот Никола Џос еднаш рече дека војвотката од Сасекс претпочита едноставна маска „направи сам“. Не само што се евтини, речиси бесплатни, туку се и ефикасни, ефективни и природни.
Омилениот рецепт за убавина на Меган Маркл е да меша кокосово масло со куркума, до конзистентност на паста. Оваа смеса ја осветлува кожата, но и го дава потребниот сјај.
Што се однесува до пилинг, војвотката сака мешавина од блендиран овес и мед.
Нејзиниот омилен производ, без кој не оди на ниту едно патување, е шише масло од чајно дрво од Австралија!
Како што во една прилика откри и самата Меган, тоа е нејзиниот мал лек за се: за исекотини, мозолчиња, каснувања од комарци, секое благо воспаление…
Практично е, евтино и служи за одредена цел во различни прилики! Чајното дрво е доста популарно и во нашата нега на кожата, а ако ви е премногу силно – измешајте го со крема за лице. Можете да го користите и при подготовка на домашен шампон за мрсна коса.
Заштитниот знак на шминката на Меган Маркл е сјајната кожа, а благодарение на нејзиниот шминкер Даниел Мартин, знаеме како да го постигнеме тоа!
Меган Маркл преферира кремасти хајлајтери, кои ги нанесува на истакнатите точки на лицето.
Меѓутоа, кога сака да експериментира со сјајот на кожата, врз хајлајтерот во пудра нанесува малку мелем за усни.