Манекенката Бела Хадид се појави во опуштена комбинација и ја покажа својата витка фигура, како и ситниот струк истакнат со нејзината тесна бела маичка која не го покриваше ни нејзиниот стомак.
Таа го покажа своето уникатно чувство за мода додека шеташе во Њујорк, па нејзиниот избор беше бел кроп топ и тексас панталони. Комбинацијата сакаше да ја истакне со интересен пар разнобојни, текстурирани кломпи од Сајмон Милер.
Нејзиниот кроп топ беше доста интересен бидејќи има кратки ракави и широко деколте. Бела под него не носеше градник, ниту пак додаде ланче. Ребрестиот дизајн по долната половина на топот му даваше посебна димензија, а како што веќе спомнавме се истакнуваше и нејзиниот тенок стомак.
Носеше и рамни индиго фармерки со кожен кафен појас кој одлично и прилегаше. Меѓу комплетниот стајлинг се истакнаа нејзините чевли, па сите ги коментираа нејзините влечки со детали од сина, зелена и портокалова боја, кои ги носеше со бели чорапи.
Таа ги заштити очите од сонцето во кафени правоаголни очила за сонце. Покрај тоа, таа носеше комплет обетки со син камен во средината. Нејзините голи раце беа украсени со златни прстени.
Како ви се допаѓа нејзиниот стајлинг?