Ослободете се од првутот по природен пат: Потребни ви се само две состојки
Различни фактори доведуваат до појава на првут. Некои од нив може да бидат лошата исхрана, стресот, временските услови и многу други.
Чешањето што го придружува првутот и видливоста на белите точки на косата, може да биде многу непријатно. Затоа, сега ви откриваме кои две природни состојки треба да ги измешате за да се ослободите од овој постојан проблем.
Тоа се лимонот и маслиновото масло.
Подготовка:
Измешајте две лажици свеж сок од лимон, две лажици маслиново масло и две лажици вода и со оваа смеса измасирајте го скалпот. Потоа, оставете ја смесата да отстои 20 минути, а потоа измијте ја косата со шампон.
Применете го третманот на секои две недели за да постигнете резултати.
Зошто лимон и маслиново масло?
Киселоста на лимонот може да ве ослободи од „снегулките“, додека маслиновото масло го навлажнува регенерираниот скалп на главата.