Паметни ТРИКОВИ кои може да ви помогнат ВО НЕПРИЈАТНИ СИТУАЦИИ: Нанесете шеќер или мед на изгорениот јазик

16 јуни, 20220
bfe997245500ccb1a04c2ed608e28c1cb74d689b

Секој ден може да ни се случуваат мали незгоди, кои можат да ни го нарушат моменталното расположение

Меѓутоа, ако сте опремени со соодветно знаење, ништо нема да ве спречи да останете во добро расположение! Ви претставуваме трикови кои можат да ви помогнат да ги надминете моментално непријатните ситуации.

  1. Користете паста за заби за да го намалите отокот

Си го удривте палецот или се изгоревте на пеглата. Пред целосно да ви се расипе расположението, постои домашен лек кој може да помогне при оток и да ја ублажи болката. Земете ја пастата за заби и нанесете малку на вашиот несреќен прст. Билната паста за заби е докажано дека има антибактериско и антиинфламаторно дејство врз вашето орално здравје, па може да ви помогне и во оваа непријатна ситуација. Може да биде корисна и при убоди од пчели.

  1. Користете шприц за да го отстраните убодот од раката

Палавата пчела ви оставила боцка во раката. Нема потреба од паника, еве сигурен начин да се ослободите од него. Земете шприц и употребете скалпел или нож за да го отстраните делот каде иглата влегува во кожата. Искористете го за да ја исцицате боцката.

  1. Користете бебешко масло за лесно отстранување на фластерот

Вашата рана конечно зарасна, но тешкиот дел допрва доаѓа. Можеби мислите дека имате 2 опции: да го извадите фластерот со брзо движење или да страдате полека додека лепливоста на фластерот ги отстранува влакната и кожата. Нанесете бебешко масло на местото и оставете да отстои некоја секунда. Сега можете да уживате во безболното отстранување на фластерите.

  1. Нанесете мед или шеќер на изгорениот јазик

Ако сте го изгореле јазикот со топол пијалок, не се јавувајте во противпожарна служба. Имаме слатко решение за вашата мака, буквално. Ставете коцка шеќер или лажица мед на јазикот. Медот е докажано оружје за борба против изгорениците, но не заборавајте да ги измиете забите потоа бидејќи сета оваа сладост може да предизвика расипување.

  1. Ширум отворете ги очите за да спречите плачење

Кога сте во ситуација да ви се плаче, а во никој случај не сакате да плачете, имаме решение. Држете ги очите широко отворени, затегнете ги мускулите на лицето и подигнете ја брадата – ова ќе ви помогне да ги задржите солзите на своето место.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma