ПРИЧИНАТА ЌЕ ВЕ ИЗНЕНАДИ: Зошто кралицата Елизабета Втора забранила да се јадат триаголни сендвичи во палатата!

30 јануари, 20220
129445315861f3c9211d0c9679976230_640

Кралицата Елизабета Втора не им дозволува на членовите на кралското семејство да јадат триаголни сендвичи, а причината ја откри нивниот поранешен готвач Греам Њуболд.

– Кралицата инсистира да и се служат само тркалезни сендвичи. Кралското семејство никогаш не јаде триаголни сендвичи бидејќи традицијата налага дека секој што ќе им понуди ваков вид на храна се обидува да ги симне од тронот, нагласи готвачот.

Исто така, еден од поранешните кралски готвачи кои готвеле за кралицата 11 години, Дарен Мекгрејди,  неодамна им откри на следбениците на социјалните мрежи дека Елизабета Втора всушност воопшто не преферира скапа храна.

-Јаде јастог, кавијар и слична храна само кога се забавува со гости. Често сака да јаде риба и зелена салата. Кога се во прашање сендвичите, го сака само оној со џем од јагоди. Елизабета обично го започнува денот со едноставен појадок – чај и бисквити. Потоа следува мала чинија со снегулки, но кралицата, грижејќи се за своето здравје, секогаш ги избира оние со помалку шеќер и јаглехидрати, пишува „Klix.ba“.

Така, на пример, не поднесува тестенини, ориз и компири, поради што ги забрани и во палатата. Истото е и со лукот, кој оваа 96-годишничка го избегнува поради лошиот здив. Не сака кромид или брза храна

Правилото за забрана на триаголни сендвичи не е единственото нешто што изгледа чудно. Минатиот месец беше објавено дека кралицата им забранила на членовите на семејството да играат Монопол бидејќи, според неа, се занесуваат и почнуваат премногу да се расправаат, што не е добро за семејството.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma