Раскопчаната кошула го издолжува вратот! Еве како да изгледате совршено на сите ФОТОГРАФИИ

25 март, 20220
546072_pexels-karina-karzavina-7945660_f

Повеќето жени се средуваат од глава до пети за фотографирање, но кога ќе ја видат фотографијата во својата совршена комбинација, не знаат каде отишла целата магија.

Камерата едноставно не сака некои парчиња, па може да изгледате ниско, буцкасто или округло… Но тоа не значи дека треба да очајувате, туку да носите што и се допаѓа на камерата и што ќе прави на фотографиите да изгледате послабо и посексипилно.

  1. Панталони со широк крој

За разлика од тесните фармерки, кои изгледаат како добра идеја додека не ја видите фотографијата, пошироките панталони изгледаат многу подобро бидејќи создаваат илузија на подолги нозе. Комбинирајте ги со високи потпетици и ќе изгледате подолго и послабо.

  1. Миди-здолниште

Миди здолништето ќе изгледа совршено на фотографиите, но само ако не сте премногу ниски и полнички и ако го носите со потпетици, бидејќи во спротивно вашите нозе би можеле да изгледаат подебело и пократко. Ова здолниште во комбинација со балетанки или рамни чевли можат да го носат само екстремно високи и витки девојки.

  1. Голи сандали

Голите сандали се идеални за визуелно издолжување на нозете бидејќи поради бојата изгледаат како да „продолжуваат“ на вашата нога. Доколку изберете сандали кои се многу слични на вашата природна боја на кожа, ефектот ќе биде целосен.

  1. Откопчајте ги копчињата

Кошула со само две или три откопчани горни копчиња го има истиот ефект како голите сандали, само на вашиот врат. Ова ќе го направи вратот подолг и потенок, што камерата го сака.

  1. Голи раменици

Блузите и фустаните со голи раменици го истакнуваат делот од женското тело кој изгледа убаво кај речиси сите – вратот, рамената и горниот дел од грбот. Топовите се апсолутен хит оваа сезона кои можете да ги најдете во различни варијанти. Цветниот принт е во тренд, па затоа пронајдете го ова парче облека во вакви дезени.

  1. Откопчано сако и капут

Раскопчаното сако или капут и дава на вашата силуета посебна рамка. Само погрижете се да немате парчиња со различни бои под јакната или палтото. Обидете се да ги усогласите нијансите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma