„РЕЦИКЛИРАЈТЕ“ ГИ ОВОШЈЕТО И ЗЕЛЕНЧУКОТ! Откако ќе направите природен сок не ги фрлајте остатоците

29 јануари, 20220
70778_sokovi2_f

Природно цедените сокови од овошје и зеленчук се исклучително богати со витамини, но можете да го искористите и она што останува по подготовката. Еве неколку идеи како да ја збогатите вашата исхрана со здрави состојки

Замрзната каша

Ако сте исцедиле сок од морков или некој друг зеленчук, преостанатата каша е идеална за додавање во супи од пилешко или зеленчук. А ако тоа бил сок од портокал, јаболко или друг овошен сок, можете да ја користите таа каша во овошни колачи, на пример за да ја подготвите популарната Јафа торта. Истурете ја кашата во калапи за мафини или пластични чаши, па ставете ја во замрзнувач. Кога ќе замрзне, извадете од калапот и префрлете го во најлонски кеси и вратете во замрзнувач додека не ја искористите.

Овошен шејк

Здрави и вкусни шејкови можете да направите ако измешате половина шолја овошно пире што останало од цедењето на сокот, половина шолја јогурт, помала помека банана, половина шолја млеко. Измешајте сè во блендер. Наместо банани, можете да користите друго овошје. Овие пијалоци можете да ги сервирате во чаши со мраз, или да ги замрзнете во замрзнувачот па да ги искористите кога сакате.

Во кајгана

Преостанатиот сок од зеленчук одлично ќе се искомбинира со утринските матени јајца. Измешајте 1/4 шолја осѕтатоци од зеленчук со три јајца, па прелијте со загреаното масло и покријте ја тавата. Можете да додадете печурки, сечкан кромид, пиперки… Кога изматените јајца се готови, стевете рендано сирење додека се уште врели.

Со супи

Она што останува по цедењето на морковот е одличен додаток за супа. Во водата ставете малку каша од зеленчук, неколку парчиња пилешко и малку сол и ставете да се свари. Ваквата супа можете да ја збогатите со кнедли од гриз.

Сос за шпагети

Од останатата зеленчукова каша направете сос за шпагети. Во тава на средна температура измешајте една лажица маслиново масло и една шолја каша, динстајте две или три минути, па додадете едно сечкано чешне лук, сол и бибер. Оставете да се динста околу пет минути, а потоа истурете го доматното пире. Оставете да зоврие, а потоа намалете ја температурата и варете до саканата густина. Овој сос посипете го врз топли шпагети.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma