Красулата или дрвото на парите е многу отпорно растение кое може да трае долго со соодветна грижа и одгледување. Кај нас е познато и како паричка, веројатно затоа што листовите наликуваат на монети
Во фенг шуи, постојат различни растенија за кои се верува дека имаат моќ да привлечат одредена енергија. Додека орхидејата е за љубов, се смета дека красулата или „дрвото на парите“ привлекува изобилство и богатство. Растението красула е многу популарно за одгледување бидејќи е доста отпорно и не бара многу грижа.
Положбата на билката во вашиот дом, како и начинот на нејзиното поставување, може значително да влијае на тоа дали красулата ќе го има вистинскиот ефект, истакнуваат експертите за фенг шуи. Дознаваме каде треба да го ставите вашето дрво на парите, односно красулата, и да го искористите максимумот за да ги остварите вашите финансиски желби.
Според традиционалниот фенг шуи, југоисточниот дел од куќата или канцеларијата е идеална локација. Овој дел од домот се нарекува и „катче за пари“, па природно е да се постави растение за изобилство во овој агол. Не ставајте го вашето дрво во мрачен и темен агол. Треба да се постави во простор кој добива соодветно осветлување.
Најлошите делови од куќата каде според правилата на фенг шуи не треба да чувате красула се бањата и „љубовниот дел“, односно северозападниот дел од куќата.