СЛУЧАЈНО ЈА ПРЕСОЛИВТЕ ХРАНАТА? Со ОВИЕ НАЧИНИ заштитете го ВАШИОТ ОМИЛЕН специјалитет

29 јануари, 20220
1083839_profimedia0651967954_ls

Еве како да ја спасите пресолената храна со пет едноставни трикови

На сите ни се случило барем еднаш, ако не повеќе пати, да ја пресолеме храната при подготовката. За многумина овој омилен специјалитет завршува во корпата за отпадоци, но со неколку едноставни трикови можете да ја поправите направената „штета“. Повеќето од овие состојки за „прва помош“ ги имате дома, а кога ќе ги примените со некои од овие трикови, ќе ја спасите храната.

  1. Кромид, морков или компир

Ако ја пресоливте супата, сосот или гулашот, додадете една цела главица кромид, морков или излупен компир во садот за да ја собере солта.

  1. Вода

Можете да додадете и вода, а ако треба после тоа да го згуснете јадењето посегнете по малку густин или скроб, а можете да додадете и бешамел сос.

  1. Јаболко

Уште еден едноставен трик што го користат нашите баби, а со кој се решава пресолената храна, е да се стави во неа излупено јаболко. Оставете го јаболкото во садот да ја впие солта, а потоа извадете го пред крајот на подготовката и фрлете го.

  1. Оцет, лимон или вино

Една од овие киселини можете да користите и за да ја „отсолите“ храната. Малку оцет, вино или цеден лимон ќе го неутрализираат вишокот сол. Овој трик можете да го искористите и кога ќе го направите јадењето премногу луто со пиперка или бибер.

<p>Evo kako da uz pet jednostavnih trikova spasete presoljeno jelo</p>

  1. Неутрална павлака

Ако пресолите јадење што има или сос од домати или некој друг сос, можете да го неутрализирате со додавање на неутрална павлака за готвење во садот. Тоа само ќе го направи секој сос повкусен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi