Трик со помош на кој храната нема да се лепи на тавата: Резултатите ќе ве воодушеват

4 февруари, 20220
cast-iron-42295791920-830x0-1

Речиси сите тави имаат подлога на внатрешната страна, што спречува храната да се залепи за време на пржењето, но оваа основа се оштетува со текот на времето.

Едно од најлошите сценарија што може да и се случи на една домаќинка во кујната е храната што ја подготвува со часови да се залепи за тавата.

Потоа следи макотрпен напор да се одлепи храната и на крај темелно миење, бидејќи триењето, се разбира, не се препорачува.

Речиси сите тави имаат подлога одвнатре, што спречува храната да се залепи при пржење, меѓутоа таа основа со текот на времето се оштетува, па колку и да ставите масло – храната некако се лепи.

За среќа, постои многу едноставно решение и за овој проблем. Софи Луис е инфлуенсерка и мајка која на социјалната мрежа Инстаграм секојдневно објавува видеа на кои покажува трикови за чистење.

Така и овој пат откри ефективно решение со кое храната не се лепи за тавата. Според неа, првото нешто што треба да го направите е добро да ја измиете тавата со детергент за миење садови.

– Кога ќе го измијете тавчето, добро избришете го со сува, памучна крпа да не остане ни капка вода – вели Софи и додава:

– Загрејте ја тавата на силен оган, а кога ќе почне да дими тргнете ја од ринглата. На дното на тавата рамномерно распоредете околу две лажици сол, односно колку да го покрие дното. Вратете ја тавата на претходно загреаната рингла, па почекајте околу една минута.

Потоа со крпа детално отстранете ги сите остатоци од сол, па вратете ја тавата на рингла и прелијте со маслото. Кога ќе се загрее маслото, тавата е подготвена за употреба.

На овој начин ќе создадете посебен заштитен слој на дното на садот, благодарение на кој храната нема да се залепи и изгори.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma