Трите најчести причини поради кои НАУТРО не можеме да се сетиме ШТО СМЕ СОНУВАЛЕ

12 јануари, 20220
4d518a67bb54d8c7a53ce26fb98a780cbcf8935d

Науката има одговор на прашањето зошто некои луѓе не можат да се сетат на своите соништа.

Иако сè уште не е можно целосно да се утврди зошто сонуваме одредени места или одредени спомени, бои, гласови, сцени, па дури и луѓе, некои лесно ќе ги запомнат своите соништа, додека други ќе имаат проблеми со тоа.

Ако ви смета тоа што наутро не можете да се сетите што сте сонувале претходната вечер, постојат можни причини за тоа.

Стрес и трауматично искуство

Истражувањата покажаа дека стресот не само што ја нарушува и скратува РЕМ фазата на спиење, туку и го зголемува бројот на будења во текот на ноќта. Покрај стресот, има и траума, која е слична, но малку поинтензивна – и двете може да го отежнат сеќавањето на она што сте го сонувале.

Исхрана

Важно е да избегнувате храна што го нарушува сонот – тешка храна, масна и пржена храна, зачинета храна, цитруси, но и газирани пијалоци. Овие намирници не се препорачуваат ни во текот на денот, а особено не треба да се консумираат пред спиење.

Покрај ваквата храна и пијалоци, исто така не се препорачува консумирање кофеин, никотин или алкохол, бидејќи сето тоа го нарушува сонот.

Начин на спиење

Сè, од несоница до апнеја при спиење и нарколепсија може негативно да влијае на циклусот на спиење. Исто така, психологот и експерт за соништа Рубин Најман додава дека пребрзото и предвремено будењето може да влијае на заборавањето на соновите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi