ХОРОСКОП ЗА 12-ТИ МАРТ: За Девиците се отвораат нови шанси, Рибите се чувствуваат загрозено

12 март, 20220
175fc11cf4e5920f41f1b252eaa93f71cd42470c

Овен

Ве мачат стравови. Животот го организирате на начин кој само вам ви е јасен, а тоа ве изложува на критики од блиските. Не сте расположени за убедување и долги исцрпувачки разговори, а без тоа нема друг начин да се оправдате. Бидете потолерантни.

Бик

Што и да започнете ќе заврши со хаос. Пред вас е стресен ден, па најдобро е да ги избегнувате сите ситуации во кои вие би го кажале главниот збор. Ако користите автомобил за да ја завршите вашата работа, не одете никаде пред да ја проверите.

Близнаци

Премногу сте нетрпеливи, не ги контролирате емоциите. Треба да покажете поголема благодарност за оние луѓе кои ве поддржувале во минатото. Вашата потреба за слобода може да развие уште поголема напнатост и нервоза во кругот на семејството.

Рак

Доколку сте на почеток на некој нов проект, овој ден може да ви донесе можност една фаза да ја доведете до крај. И покрај тоа што очекувавте многу и ја попречивте реализацијата со вашите преголеми амбиции, сега се согласувате на компромис и продолжувате понатаму.

Лав

Не сте сигурни во која насока да продолжите, па оваа дилема може да ви предизвика големи главоболки. Немате многу време за двоумење, мора брзо да дејствувате. Не паничете, туку размислувајте креативно и слушајте ја својата интуиција.

Девица

Имате шанса да започнете нешто ново што ќе ви се исплати повеќекратно. Бидете брзи затоа што целата работа може да ви побегне, особено ако вклучите некој друг во неа. Не мешајте интерес и пријателство за да не се разочарате.

Вага

Вие сте на работ на промена која завршува една фаза од вашиот живот. Не очекувајте брзи решенија бидејќи трансформацијата ќе бара време. Покрај тоа, се соочувате со контакт со постара личност која носи добри можности и важни животни лекции во вашиот живот.

Шкорпија

Може да се вжештите неконтролирано, па се води одредена сериозна дискусија со непознати лица на јавно место. Можни се и контакти со луѓе од другата страна на законот. За да избегнете можни непријатности, поминете го денот во друштво на саканата личност.

Стрелец

Фокусот е на љубовниот живот. Саканата личност не успева да го следи хаотичното темпо со кое вие, во последно време, паднавте. Поради недостаток на комуникација, можни се недоразбирања, кои доколку не ги решите навреме, ќе преминат во сериозен конфликт.

Јарец

Не се чувствувате најдобро, а имате премногу да направите. Не сте во можност да ги исполните сите обврски кои можат да предизвикаат целосен пад на енергијата и колапс во текот на неделата. Прераспределете ги вашите капацитети и одложете сè што може да чека подобар момент.

Водолија

Се обидувате да избегнете контакт со луѓе кои ве исцрпуваат. Сепак, бизнисот не препознава такво однесување, па ќе бидете принудени да трпите некои луѓе. Ќе се изненадите што можевте да пропуштите доколку не ги почитувавте и слушавте.

Риба

Се чувствувате загрозени од некого. Победата е можна со голема борба доколку сте доволно упорни. Многумина ќе почувствуваат зголемена напнатост на работа во овој период, а сето тоа како резултат на некои промени кои се случуваат во компанијата во која сте ангажирани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma