ХОРОСКОП ЗА 6-ТИ АПРИЛ: За Раковите е напнато на работа, а Овните го менуваат работното место

6 април, 20220
3e6bc4721754c8492dde5b0121757a3d392644ff

Овен

Постои шанса да ви се оствари желбата за промена на работата. Внимавајте, мора да бидете свесни дека ако го направите тоа, тогаш влегувате во сосема нов живот, по кој нема враќање на стариот. Размислете дали тоа е токму она што го сакате.

Бик

Доколку ја пренесувате својата нервоза и напнатост кон партнерот, големи се шансите кризата да ја префрлите и во вашата околина. Со помош на еден член од семејството ќе го вратите оптимизмот, иако реалната ситуација сепак бара голема претпазливост.

Близнаци

Правите компромис таму каде што не му е местото. Поробени сте на некои верувања кои не се рационални. Доколку денес не го слушате советот на пријател, сето тоа би можеле да го дознаете на непријатен начин. Верувајте во добрата волја на другите луѓе.

Рак

Ќе ви се даде шанса за активности кои можат да ве доведат до идеја да започнете приватен бизнис. Тензичните односи со шефовите и лошата атмосфера ќе произведат тим од луѓе со кои можете да планирате независен бизнис.

Лав

Крајот на еден циклус на работа ќе ве направи многу горди. Вашиот удел е голем, а за крајот очекувате материјална награда. Без разлика на вашите вистински заслуги, бидете подготвени за фактот дека финансиската добивка нема да биде пропорционална со вложениот труд.

Девица

Вашата концентрација не е на завидно ниво. Најмногу размислувате за уживање со саканата личност и егзотично патување. По дух сте далеку од местото на живеење, па пожелно би било на крајот од денот да се симнете од облаците, во спротивно ќе имате болно враќање во реалноста.

Вага

Транзитите ви носат шанса конечно на најдобар можен начин да ги претставите вашите досега погрешно разбрани идеи и да ја добиете поддршката од соработниците од кои најмалку сте очекувале. Пазете се од повреди, а особено бидете внимателни во сообраќајот.

Шкорпија

Се обидувате да започнете одново. Вие сте личност создадена за нови проекти, но овој ден не е поволен за тоа. Одложете ги важните одлуки, особено ако сте во искушение да престанете да соработувате со луѓе за кои до денес сте имале одлично мислење.

Стрелец

Иако се изгледа ветувачко, не е поволен ден за договори и какви било трансфери. Одложете го за некое време, бидејќи доколку сега започнете нови преговори, може да ве чекаат големи компликации. Во моментов, подалеку од видното поле се информациите кои се клучни за вашиот проект.

Јарец

Конечно би можеле да донесете одлука што ја одложувате толку долго. Откако ќе се скршите и надминете себе си и својата неодлучност, ќе сфатите колку убавина има во преземањето одговорност. На овој начин давате слобода, и на себе и на партнерот.

Водолија

Собирате храброст да ги пренесете вашите намери на членовите на семејството. Ситуацијата може да биде непријатна, но искреноста ќе се исплати. Не е се така црно како што сега ви изгледа. На крајот ќе добиете поддршка која сега воопшто не ја очекувате.

Риба

Мала пауза многу ви значи. Краткорочното полнење со позитивна енергија е потпомогнато од вниманието на саканата личност која денес несебично ве опсипува. Уживајте во драгоцената пауза, ќе ви треба многу кондиција за претстојните обврски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma