Кожата е многу чувствителна, па затоа треба да се трудиме што помалку да ја иритираме.
Со толку многу достапни производи и третмани за нега на кожата, не е лесно да се избере она што е соодветно за нашата кожа. Важно е да имаме на ум одредени навики кои особено треба да ги избегнуваме. Дерматологот Елизабет Муланс објаснува дека меѓу најлошите навики кои можат да ѝ наштетат на нашата кожа, постојат пет вообичаени грешки кои можеме да ги направиме без воопшто да забележиме.
За почеток, станува збор за прекумерната хидратација. Важно е да ја одржувате вашата кожа хидрирана, но користењето навлажнувачки креми кои се богати со масла може да предизвикаат акни и мрсна кожа. Тоа, секако, не значи дека треба да избегнуваме целосно да ја хидрираме кожата, бидејќи тоа е од големо значење.
Треба да избегнуваме и прекумерен пилинг, бидејќи премногу може да предизвика иритација, прекумерно производство на масло, па дури и мозолчиња.
Третото нешто што се споменува е важноста да се менуваат чаршафите еднаш неделно за да се намали ризикот од иритација на кожата, и она од што ни е тешко да се одвикнеме – допирање на лицето. Ова е можеби најголемата причина за проблемите, што доведува до иритација и лузни.