ЧЕШМИТЕ ЌЕ БЛЕСКААТ: Најмоќниот природен отстранувач на бигор

4 февруари, 20220
2011875_stockphotodishwashingconceptcloseupoflemonandspongesfordishwashingonthekitchencountertop375194614_ls

Покрај хемикалиите кои ги купувате во супермаркетите, има и такви кои можете да ги најдете во вашата кујна, а се многу ефикасни за чистење

Природните средства, за разлика од хемикалиите, имаат неколку предности: состојките лесно се добиваат, не се скапи, не содржат адитиви, помали се шансите за алергиски реакции, немаат штетно влијание врз околината, а по нив куќата мириса многу посвежо. Ако бигорот ја затнал славината, тогаш најдобро е да земете оцет, со него да намокрите една крпа, да ја завиткате околу славината и да отстои неколку минути. Доколку ефектот не е задоволителен, тогаш обидете се да ја исчистите чешмата со лимон.

Сок од лимон

soda bikarbona, med

Лимонот може да се користи за подготовка на универзално средство за чистење. Во шише со распрскувач измешајте сок од еден лимон, 15 капки етерично масло од лимон и литар вода. Освен што чисти, сокот од лимон успешно го отстранува бигорот од кујнските славини и прибор. За да спречите таложење на бигор, но и за полирање, повремено тријте ги кујнските славини со сок или парче лимон. Оцетот и лимонската киселина се идеално средство за отстранување бигор, не само на славината туку и во тоалетот.

Волшебна сода

Сода бикарбоната ја омекнува водата и ги отстранува бигорот, па можете да ја користите за чистење на ѕидовите на тоалетот. Истурете чаша алкохолен оцет и исто толку сода во водата, и оставете да отстои два часа. Ќе се случи мал, безопасен хемиски процес, по што вашата ВЦ школка ќе блесне. Содата е исто така одличен абразив. Измешајте ја со сок од лимон и со смесата исчистете ја насобраната маснотија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi