ЌЕ БЛЕСНЕ КАКО НОВА Со помош на монета лесно и темелно исчистете ја рерната

13 мај, 20220
617044_shutterstock-1416345794_f

Најдобро од сè, нема употреба на хемикалии, така што средствата не се агресивни

Чистењето на рерната не е ни малку скапа и забавна работа за никого. Не збориме за она кога „ќе ве фатат нервите“, па одите на рибање низ дома, па на ред е таа. Згора на тоа, дури и тогаш може да биде доста тешко, бидејќи насобраната маснотија е многу тешко целосно да се отстрани.

И сигурно сте пробале разни средства, а веројатно многу пати ве болеле и рацете, но не сте го добиле посакуваниот ефект или сте успеале да го добиете дури по неколку часа.

И верувајте ни, сосема ни е јасно зошто ваквото чистење не е меѓу вашите омилени. За среќа, постојат два трикови кои можете да ги примените за да направите вашата рерна повторно да блесне во полн сјај, а не да блеска од маснотии.

Најдобро од сè, нема употреба на хемикалии, така што средствата не се агресивни. Следете ги едноставните упатства и уживајте во резултатот.

Состојки за смесата со сода бикарбона

-1 чаша сода бикарбона

– половина шолја кафе

-1 чаша алкохолен оцет

Подготовка:

Измешајте сода бикарбона и вода, па откако добро ќе ги соедините, постепено додавајте оцет, поради хемиската реакција. Задолжително измешајте додека не добиете компактна смеса. Потоа со сунѓер земете малку од добиената смеса и намачкајте ги дамките во рерната. Онаму каде што е повалкано, слободно ставете повеќе, а остатокот од рерната истријте го.

Она што остана од смесата се остава во рерна, па се вклучува на 100 степени и се остава да делува околу 45 минути. Кога ќе ја исклучите рерната, извадете го садот од неа и прво исчистете ја жицата додека е топла, бидејќи нечистотијата полесно се отстранува, а потоа исчистете го остатокот од рерната. За ова ќе ви треба чиста вода и сунѓер.

Откако ќе завршите со чистење на рерната, доколку има уште изгорени делови, обидете се со едноставен трик со паричка. Се што треба да направите е да земете паричка и лесно да ги истриете изгорените делови. За да не ја оштетите рерната, не правете го тоа со сета сила, туку малку полесно. На крајот, избришете сè со крпа и проверете дали е суво.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma