АДЕЛ ВО НОВИОТ СПОТ ЗА ПЕСНАТА ”ОH MY GOD” НОСИ САМО ВИСОКА МОДА: Погледнете ги импресивните модни изданија

popara16 јануари, 20221min00
adele-0652505946

Во најновото видео, Адел носи впечатливи креации од Луј Витон, Вивиен Вествуд и Харис Рид. Погледнете ги сите 3 импресивни изданија!

Со новиот видео запис за песната „Oh My God“ во режија на Сем Браун, кој е одговорен и за спотот за „Rolling in the Deep“, Адел не „почести“ со нејзиниот прекрасен вокал и неколку интересни модни изгледи кои суптилно ја илустрираат пораката што ја пренесува песната.

Во воведниот дел од црно-белиoт спот, Адел носи елегантна комбинација на Харис Рид која внесува модерен „пресврт“ на класичната ‘pussy bow’ блуза: проѕирниот туфнаст материјал и преголемите ракави оставаат драматичен впечаток.

Adele je ponela Harris Reed kombinaciju koja se sastoji iz pussy bow bluze i suknje.

Таа изгледа уште подраматично во вториот изглед потпишан од Николас Гескиер за Луј Витон: како свештеничка од висока мода, во фустан по нарачка што личи на свештенички одежди, пред неонски ореол, на оваа комбинација доза фетишизам и дадоа долгите кожени ракавици (и токму како што таа пее: ‘On the edge of Heaven and Hell…’)

Drugi outfit Adele za spot Oh My God je Louis Vuitton haljina rađena po meri.

Врвот е црвениот фустан на Вивиен Вествуд, изработен по нарачка, во кој Адел докажува дека навистина е ‘a grown woman and I do what I want to do’ – и таа го прави тоа со стил.

Najupečatljiviji outfit Adele za pesmu Oh my God je Vivienne Westwood crvena haljina.

Уживајте во песната и видео спотот подолу:

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma