АДЕЛ ВО НОВИОТ СПОТ ПЛОВИ НА ДУШЕК СО ЧАША ВИНО ВО РАКАТА – и тоа во прекрасен фустан тежок 31 килограм!

popara29 октомври, 20221min00
Adele

Речиси една година по објавувањето на нејзиниот албум „30“, Адел конечно го издаде спотот за песната „I Drink Wine“, кој го има нејзината најмодерен спот до сега. Во него пејачката плови по реката на душек на надувување со чаша розе во рака во прекрасен фустан на Валентино со светки, тежок дури 31 килограм.

Видеото го режираше Џо Талбот, а стилистот Џејми Мизрахи на Инстаграм откри дека долго време ја барале вистинската облека. „Нам ни беше важно бојата да биде совршено контрастна со водата во која плови Адел низ видеото“, напиша таа.

Пјерпаоло Пичоли од Валентино работеше со Мизрахи за да ја најде најдобрата сенка и ласкава силуета за видеото. „За 10 дена, тимот на Валентино ни испорача блескава, прекрасно изработена креација во вистинската нијанса на зелена боја. Совршена за I Drink Wine“, откри стилистот.

Колку и да изгледаше совршено фустанот, тој предизвика неколку логистички проблеми за време на снимањето. Така, Мизрахи открила дека мора да се суши со фен помеѓу секоја сцена. „Трпението, смеата, хистеријата и љубовта што беа присутни во текот на овој процес е она што ќе го паметам засекогаш“, заклучи таа.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma