Адел ги одложи концертите, низ солзи изјави: Јас и мојот тим не спиевме 30 часа

popara22 јануари, 20221min00
Screenshot_7

Популарната британска пејачка Адел денеска требаше да го одржи првиот од 24-те концерти во Колосеумот на Цезар Палас во Лас Вегас, но мораше да ги откаже сите поради пандемијата на коронавирус.

 

„Многу ми е жал, но шоуто не е подготвено. Половина од мојот тим има Ковид и беше невозможно да завршиме се` што сакавме. А доцнењето на испораката дополнително ми ги уништи сите планови“, рече пејачката во видеото објавено на нејзиниот Инстаграм.

 

На крајот на ноември беше најавена серија концерти наречени Weekends With Adele, а до април требаше да се одржуваат два концерта секој викенд. Ова требаше да и бидат први концерти по петгодишна пауза, а на нив требаше да го промовира својот нов албум 30. Се проценуваше дека Адел ќе заработува 680.000 долари по настап.

 

„Бев будна 30 часа обидувајќи се да ја спасам продукцијата, но се покажа невозможно. Исцрпена сум и длабоко им се извинувам на обожавателите кои веќе пристигнаа во Лас Вегас за концертот. Извинете, многу сум вознемирена и навистина ми е непријатно. Ќе ги поместиме сите датуми, веќе работиме на тоа“, рече пејачката.

 

Видеото можете да го погледнете ТУКА.

 

Нејзините обожаватели имаа големо разбирање за неа и оставија бројни коментари за поддршка.

 

„Се ќе биде добро“, „Луѓето ќе ја почувствуваат твојата љубов кога ќе дојде време, издржи“, „Животот е таков, тешки времиња се насекаде, не дозволувај тоа да те обесхрабрува“, „Не се нервирај за тоа, кралице “, „Не плачи, се` е во ред“, напишале нејзините фанови во коментарите.

 

Адел пред неколку дена објави видео за песната Oh My God, кое излезе како дел од нејзиниот последен албум 30. Во видеото се наоѓаат неколку верзии на Адел, која во придружба на танчерки пее во соба која потсетува на бар полна со дрвени столици.

 

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma