Адел ја отвори душата на еден од концертите „Викенди со Адел“ и раскажа за нејзиниот најтежок период

popara12 декември, 20221min00
o_26688091_1280

По повеќекратните одложувања, Адел во ноември во хотелот Caesars Palace во Лас Вегас започна серија настапи наречени „Викенди со Адел“, кои ќе траат до март. На последниот концерт таа се отвори за своето ментално здравје и откри дека повторно оди на терапија за да може да се претстави најдобро што може во претстојните настапи.

Британската музичка дива откри дека повторно разговара со терапевт за прв пат по разводот со поранешниот сопруг Сајмон Конецки во 2019 година.

image

„Повторно почнав со терапија бидејќи не одев неколку години. Морав да почнам. Порано, кога поминував низ развод, одев на пет терапии дневно. Но, престанав да бидам одговорна за моето однесување и за работите што би ги кажала“, им признала на обожавателите и додала дека сега има намера да работи на себе секоја недела.

„Мојата терапија оваа недела беше навистина интересна. Се работеше за овие мои концерти. Секогаш станувам толку емотивна. Сакам да правам музика, но има нешто во изведувањето во живо што всушност ме ужаснува и ме исполнува со страв“, била искрена Адел.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma