
Адријана Лима на 12 јуни го слави својот 41 роденден, што за бразилската манекенка е од особено значење бидејќи на 42 години ќе го роди третото дете, а првото со момчето Андреа Лемерс. Бременоста на познатата убавица ја одбележаа и многу смели модни изданија, пред се на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал.

Адријана Лима беше една од познатите гости на Канскиот филмски фестивал, а заедно со поранешниот ангел на Викторија Сикрет беше и нејзиниот партнер, филмскиот продуцент Андре Лемерс. Убавата трудница на црвениот тепих блесна во неколку впечатливи изданија кои го максимизираа нејзиното трудничко тело.

Таа носеше долг црн вечерен фустан со потписот на француската модна куќа Balmain со деколте, потоа креација во ориентален стил со големи шлицови од либанскиот дизајнер Николас Џебран и макси фустан со макси леопард принт со исклучително висок шлиц на италијанскиот дизајнер Роберт Кавали.

Таа за прв пат го покажа трудничкиот стомак на почетокот на март на модната недела во Париз во тесен црн фустан, а потоа во април на ревијата на американскиот дизајнер Александар Ванг во Лос Анџелес гордо прошета на пистата во мини фустан со гол стомак и високи потпетици, од кои не се откажува ни во бременост. Со ваквиот моден избор Адриана Лима покажа дека не се плаши од смели комбинации кои го слават нејзиното трудничко тело и ги поместуваат границите на трудничката мода.

Познатата манекенка е мајка на две ќерки, 12-годишната Валентина и деветгодишната Сиена, кои ги има со поранешниот сопруг, српскиот кошаркар Марко Јариќ, а наскоро ќе добие син со сегашниот партнер Андреа Лемерс.
