Во текот на животот, ни наметнуваат разни теории во кои и самите почнуваме да веруваме, не сфаќајќи дека станува збор за заблуди што само нѐ кочат на патот до успехот
Ова се трите најголеми животни заблуди според доктор Амен.
Парите нѐ прават среќни
Постои малку вистина во ова, но во едно истражување во Америка, утврдено е дека постои точна количина по која престанува да важи ова чувство. Американецот престанува да биде среќен поради парите штом почне да заработува 75.000 долари годишно. Но секој што ќе го прашате ќе ви каже дека ќе биде среќен кога би имал два до десет пати повеќе пари одошто има сега, објаснил докторот.
Испиј малку за да се расположиш
Коктелите, виното, пивото можеби ни даваат брзо добро расположение ако се консумираат умерено, но долгорочно гледано, влијаат погубно врз мозокот. Едно истражување покажало дека мозокот се намалува од постојаната употреба на алкохол, а бидејќи тој влијае врз нашата способност за донесување одлуки, ги доведува до опасност нашите врски, кариерата и здравјето.
Шеќерот нѐ прави среќни
Дали некогаш сте изеле коцка чоколадо, па сте почувствувале задоволство и барем за момент сте заборавиле на она што ве мачи? И шеќерот може да предизвика моментално чувство на среќа, но долгорочно го уништува менталното здравје. Прекумерната консумација на шеќер доведува до постојани воспаленија, дијабетес, вишок килограми, цела низа лоши процеси во телото и болести, па дури и депресија.