АКО КОЖАТА ВИ Е ГРУБА И СУВА, ЧЕСТО СТЕ УМОРИ И ГО ГУБИТЕ АПЕТИТОТ, ТОГАШ ВИ НЕДОСТИГА ОВОЈ ВИТАМИН? Телото испраќа СИГНАЛИ кои не смеете да ги ИГНОРИРАТЕ

popara24 декември, 20221min00
Screenshot_6

Балансирана исхрана полна со витамини и минерали е најдобар начин да останете здрави. Но, дури и кога се храните здраво, постојат шанси да Ви недостигаат хранливи материи поради одредена причина, како што е на пример, возраста.

 

 

 

Анализата на крвта ќе ви го открие недостатокот на витамини, но нешто може да откриете и по косата, кожата и ноктите. Еве некои од нив:

 

Подуени очи – очите може да бидат малку подуени кога се будите, меѓутоа претераната подуеност можби укажува на недостаток на јод во организмот. Една студија од 2006 година ја открила врската меѓу јодот и болестите на штитната жлезда, состојби кои меѓу другото доведуваат до умор, исцрпеност и подуени очи. Други знаци за недостаток на јод се: сува кожа, зголемување на тежината и кршливост на ноктите.

 

Храна која помага: брусница, јогурт, морски алги, компир, јагоди и грав.

 

Бледа кожа – бледиот тен може да е знак на недостаток на витамин Б12 што делува на кожата и создава умор. Уште еден симптом на тој витамин е мазен јазик.

 

Храна која помага: лосос, црвено месо, збогатени житарици, јогурт и швајцарско сирење.

 

Сува коса – сувоста на косата може да биде знак на витамин Б7. Ниското ниво на биотин може да предизвика кршење на ноктите и танка коса. Високото ниво на биотин, со помош на витамински додатоци може да го подобри квалитетот на косата и може да биде третман за дијабетес.

 

Храна која помага: јајца,м ореви, бадеми, мешенки и интегрални житарици.

 

Бледи усни – ако усните се бледи, тоа може да биде знак на анемија и недостаток на железо во исхраната. За честите настинки заслужно е само ниското ниво на железо како и слабиот имунитет.

 

Храна која помага: црвено месо, морска храна, темнозелен лиснат зеленчук, житарки богати со железо и грашок.

 

Крварење на непцата – мала количина на крв по миење на забите е нормална. Но ако забележете дека непцата Ви се осетливи и дека често Ви крварат, тоа може да биде знак на недостиг на витамин Ц. Постојаниот недостаток на витаминот Ц може да предизвика болест чии симптоми се модринките кои лесно настануваат, крварење и болки во мускулите и зглобовите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag