Ако НАВЕЧЕР држите ЧАША ВОДА покрај себе, престанете: Оваа навика е ПОЛОША отколку што мислевме

popara28 септември, 20221min00
26460_shutterstock-1285836274_f

Загрижени сте за хидратацијата? Не сте единствени кои не внесуваат доволно течности во организмот. Многумина забораваат да го направат ова, па затоа користат различни методи за да ги потсетат дека е време за чаша вода.

Еден од методите што им помага да останат редовно хидрирани е секогаш да имаат чаша до себе, без разлика дали работат, читаат, гледаат телевизија или спијат. Последново, сепак, можеби не е толку добра идеја, а ние ќе откриеме зошто …

Различни честички, прашина, но и мува или комарец можат да слетаат во чашата ноќе. Не сте ни свесни кога наутро или среде ноќ пиете голтка вода. Затоа секогаш е подобро наутро или навечер едноставно да истурите свежа вода во чаша и да ја пиете.

Водата може да го промени својот вкус и во текот на ноќта. Ако пиете вода за пиење од чешма, таа многу веројатно содржи средства за дезинфекција како хлор. Хлорот ќе испари во текот на ноќта и водата ќе го промени вкусот. Во исто време, pH вредноста на водата се менува. Кога оставате чаша вода на масичката или на креветот, се апсорбира мала количина на јаглерод диоксид, што предизвикува благо опаѓање на pH вредноста на водата. Доволно е да и го смени вкусот.

Дали е ова опасно?

Обичната вода не содржи шеќери, масти и протеини кои би можеле да почнат да се разградуваат, па и покрај необичниот вкус, не е нездрава. Од друга страна, ако секогаш ја користите истата чаша, не ја миете редовно, па дури и ја споделувате со некого, поголеми се шансите на нејзината површина да се појават штетни микроорганизми.

Исто така, треба да се има предвид дека секогаш кога ќе се напиеме голтка вода и ќе го допреме работ на чашата, во чашата префрламе многу микроорганизми. Ако го направиме ова пред спиење, тие значително ќе се размножат до утро.

„Плунката, исто така, содржи бактерии кои можат да навлезат во водата и да ја контаминираат“, вели д-р Марк Ливи од Медицинскиот центар Мерси, додавајќи: „Штом усните ќе го допрат работ на чашата (или шишето), треба да ја испиете целата вода или некоја друга течност од неа“.

Чаша вода на масичката покрај креветот исто така може да ви го расипе сонот. Ако, на пример, ја видите покрај вас кога сте малку расеани среде ноќ, дефинитивно ќе испиете неколку голтки вода. Дури и ако заспиете веднаш потоа, постои можност да се разбудите порано од планираното бидејќи ќе треба да одите во тоалет.

Покрај чаша вода, многу луѓе имаат книга, телефон или друг електронски уред на ноќната маса или на масичката за кафе што може да се оштети ако случајно удрите полна чаша во нивна близина. Тоа е уште една причина зошто оваа навика не е толку добра како што мислевте.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma