АКО НЕ СТЕ ЗНАЕЛЕ Ова е најдобриот начин да се зближите со партнерот

popara27 август, 20221min00
Screenshot 2022-08-27 233559

Еве причини да се предомислите и совети како да уживате во тоа.

Ако сте еден од оние луѓе кои сакаат да ги планираат своите интимни моменти, можеби мислите дека брзиот секс е лоша опција што не ги задоволува вашите потреби.

Имате само 5 минути?

Верувале или не, тоа понекогаш може да биде и повеќе од доволно за незаборавно и спонтано водење љубов што ќе го паметите.

Може да ви се случи тоа да ви биде таква авантура што заедно ќе ја раскажувате и со задоволство ќе се сеќавате на неа, за разлика од сите оние здодевни исти вечери во кои сте планирале долго водење љубов, а поминало онака рутински.

Идеални места за секс на екс

Еден начин да ја задоволите оваа ваша желба е да пробате секс во автомобил, а другиот е секс на брзина на кое било друго доволно скриено место. На кое место, се прашувате? Дали веќе ги препознавте ситуациите „Имам желба – немам време“? Не мора секогаш сè да биде совршено. Препуштете се на моментот и бидете спонтани…

Под туш

Најдобар начин да го започнете денот е да се истуширате и да започнете нови дневни задачи чисти и свежи, но уште подобро е ако на сè додадете брз секс, за покрај циркулацијата да го активирате и серотонинот и другите среќни хормони. Се што треба да направите е да му упаднете на партнерот под туш и да му помогнете да се истушира, посветувајќи дополнително внимание на ерогените зони. Измијте ги добро!

За добро утро

Наместо кафе, разбудете се со добро утринско вежбање во кревет! Разбудете ја вашата љубов на некој возбудлив начин – бакнежи, допири, орални мајстории и кажете како сакате да ви започне денот. Сексот не мора да трае со часови ако немате време за тоа.

Секс на забава

Исчезнете со партнерот на само пет минути. Никој нема да забележи. Да речеме до бањата или до скалите што водат до таванот. И запомнете, колку и да сте страсни, обидете се да бидете тивки. Освен ако не сакате никогаш повеќе да не бидете поканети на такви собири. Ваквиот секс е особено добар бидејќи постои тој страв да не бидете фатени. Како резултат на тоа, нивото на возбуда е поголемо, можете да ја прескокнете предиграта и има големи шанси и двајцата да доживеете оргазам.

Во соблекувална

Ако сакате повисоко ниво на возбуда, обидете се со брз секс ови на прометно место полно со луѓе. Секако не на улица, но што е со соблекувална во трговски центар? Пробајте вака: Нека ги проба панталоните, а потоа влезете во неговата гардероба и изненадете го со овој предлог. Тука навистина треба да бидете многу внимателни и многу тивки!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma