Пејачката Џенифер Лопез на својот Инстаграм профил сподели фотографија на која изгледа волшебно, па доколку одберете да носите слични парчиња, тогаш сигурно и вие ќе заблескате.
Ако сте љубител на деколтирана гардероба, тогаш сигурно ќе ви се допадне нејзината виолетова блуза со набори. Таа носи овално деколте, но реши да облече многу златен накит кој даде посебна димензија и даде нота на гламур. Целиот накит е Foundrae.
За да не биде „отворена“ комплетната комбинација, решила да направи баланс, па облекла широки панталони Et Ochs Pre-Fall кои и го истакнувале струкот поради длабокиот крој.
Таа додаде и златни сандали на платформа кои одлично се вклопуваат во нејзината избрана комбинација.
Дали ви се допаѓа нејзината комбинација?