АКО САКАТЕ ДА СЕ ЗБОГАТИТЕ ВО НОВАТА ГОДИНА, ТОГАШ ТРЕБА ДА ГО НАПРАВИТЕ ОВА! А ако сакате да имате СРЕЌА во љубовта…

popara30 декември, 20221min00
649678_woman-g8edc27dff-1920_f

Подготовките во последен момент за најлудата ноќ можат да бидат поинтересни доколку верувате во некои мали правила…

Боите носат среќа

Во Јужна Америка, на пример, покрај црвената, веруваат и во моќта на зелената и жолтата боја. Ако носите црвена долна облека на новогодишната ноќ, во новата година ќе најдете нова љубов! Тоа ќе биде љубов за сите времиња или барем таква што ќе ја паметите долго време.

Зелената или жолтата долна облека ви гарантираат богатство, а ако изберете обична бела долна облека, тогаш ќе најдете мир! Затоа, заедно со Латиноамериканците, тргнете во потрага и подгответе се за магична ноќ во магична облека.

Како и кај долната облека, според некои верувања, треба да земете во предвид каква боја обично носите на новогодишната ноќ. Жолтата ќе помогне при финансиски проблеми, зелената ќе донесе здравје, портокаловата е за мудрост, виолетовата за успех во бизнисот, црвената е позната по љубовта, а сината симболизира мир.

Во Бразил веруваат дека носењето бело ќе ви донесе среќа и мир во новата година, а тоа што го носите мора да е нешто ново.

Со врева против злите духови

Еден од обичаите е да ги запишете сите ваши желби за новата година на хартија пред последната вечера во старата година. Потоа чувајте ја таа хартија блиску до вас за време на вечерата за да ја впие целата ваша енергија. Се пали хартија после полноќ со верба дека се што посакуваме ќе се оствари во новата година!

Во новогодишната ноќ не вадете ништо од дома, дури ни трошките од чаршавот не тресете ги. Инаку – ве чека година без пари.

Многумина сметаат дека новата година треба да се дочека со многу врева, бидејќи така се истеруваат злите духови, па ете од таму огномет, петарди…

Личност од спротивниот пол треба прво да ви ја честита Новата година поради среќа во љубовта! А ако шампањот се отвори на полноќ, застанете да ве удри плутата, бидејќи тогаш вашата нова година ќе биде успешна.

Ако плутата не ве удри, погрижете се да ја испиете последната голтка од шишето, бидејќи и така ви претстои одлична година. Во секој случај, што и да правите и како да се облечете – Среќна Нова Година.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma