Актерката ја шокираше јавноста со своето незнаење

popara6 јули, 20221min00
Screenshot_4

Митот дека Американците се слабо образовани понекогаш има смисла. Џенифер Анистон, како една од најпознатите холивудски актерки, која многу патувала и видела многу работи, треба барем да ја знае картата на Европа.

 

 

Џенифер зборуваше за „People“ за продолжението на комедијата од 2019 година, продуцирана од Нетфликс, наречена „Murder mystery 2“. По тој повод три месеци поминала во Париз на снимање, а рекла дека ѝ било тешко бидејќи Париз е „толку блиску“ до Украина. Растојанието помеѓу Париз и Киев е нешто помалку од 2.500 километри.

 

 

„Ми беше тешко, беше голем предизвик бидејќи три месеци снимав во странство. Толку долго не сум се одвојувала од моите кучиња од почетокот на пандемијата. „Исто така, Украина е блиску“, рече таа.

 

Џенифер ја поддржува Украина од почетокот на војната, но не се знае дали оваа изјава е лапсус или едноставно не ни знае каде е Украина. Можеби ваквата поддршка повеќе ќе ги навреди Украинците отколку што ќе им помогне, сепак, таа верува дека комедијата што ја снима е токму она што им треба.

 

„Се чувствував толку бескорисно затоа што снимав комедија во моментот кога започна војната во Украина. Но, тогаш се потсетив дека на луѓето тоа им треба токму сега. Ним им требаат комедии, треба да се смеат и да заборават на своите грижи за миг“, рече таа.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma